Лукаку отворено призна дека направи грешка што исфорсира разделба со Интер

Ромелу Лукаку го оствари камбекот во Интер по само една сезона, па во интервју за „Скај спорт Италија“ истакна дека направи голема грешка што лани притискаше за транферот во Челзи.

Иако Белгиецот е рекордно засилување на Сините за 113 милиони евра, неговата едногодишна авантура во Лондон беше тотална утка, па сега како позајмен успеа да се врати меѓу Нероаѕурите.

„Оваа сезона ќе биде најпредизвикувачка за мене. Згрешив што заминав од овој клуб, го сфатив тоа уште додека бев во Англија. Интер постојано расте како спортски колектив и станува сé по популарен. Затоа сум пресреќен што успеав да се вратам и ќе докажам дека Интер и Милано се мојот дом. Свесен дум дека ова е само позајмица и можно е повторно да заиграм за Челзи, но сега размислувам само за претстојната сезона“, истакна Лукаку.

Нероаѕурите успеаја за само 10 милиони евра за го позајмат Лукаку за сезоната која набрзо ќе почне, а веќе следното лето ќе се преговара околу перманентен трансфер.

- Оглас -

Најнови вести