Лукаку се договори со Јувентус, но дали Влаховиќ ќе биде дел од трансферот?

Ромелу Лукаку и Јувентус постигнаа договор околу личните услови на фудбалерот и тој наскоро треба да биде промовиран како нов фудбалер на Старата дама. Сега останува уште клубовите да се договорат околу обесштетувањето.

Јувентус сака да го продаде Влаховиќ, а Лукаку да биде само дел од неговиот трансфер. Доколку ова се реализира, тогаш Челзи ќе треба да му исплати на Јувентус одредена сума пари, веројатно колку што е разликата во вредноста на Лукаку и Влаховиќ.

Вредноста на Ромелу Лукаку е 40 милиони евра, додека на Душан Влаховиќ е 70 милиони евра. Челзи на Јувентус ќе треба да му ја исплати разликата од 30 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести