Лукаку се мести за трансфер во Саудиска Арабија

Напаѓачот на Рома, Ромелу Лукаку очигледно има цел негов следен клуб да биде некој од Саудиска Арабија. Ова може да се заклучи по изјавата која белгискиот интернационалец ја даде, а се однесува за квалитетот на првенството во Саудиска Арабија. Голгетерот очигледно дека малку повеќе и претера со фалењето, велејќи дека тоа првенство може да биде најсилно во цел свет.

„Во наредните две години ја гледам саудиската лига како една од најсилните во светот, ако не е најдобра. Клубовите таму носат докажани играчи и ова првенство многу напредува. Саудиската лига може да биде најсилна во светот“, рече Лукаку.

Во изминатиов период Кристијано Роналдо беше главен промотер и фудбалерот кој најмногу ја фалеше лигата во Саудиска Арабија, но дури ни тој се намаше осмелено да каже дека таму ќе се игра најдобриот фудбал во цел свет, како што тоа сега го вели Лукаку.

Во тековната сезона Лукаку во дресот на Рома одигра 26 натпревари и постигна 15 погодоци со што само потврдува дека е во одлична форма.

- Оглас -

Најнови вести