Лукаку со најискрен одговор ги израдува навивачите на Интер

Само по една година помината во Челзи, Ромелу Лукаку повторно се врати во тимот на Интер. Белгискиот напаѓач сега ќе игра на „Џузепе Меаца“ како позајмен играч, но уште еднаш потенцираше дека во Интер се чувствува како дома.

Последната сезона кога играше за Интер, Лукаку стана првак во Серија А, а голгетерот сега најавува дека негова мисија е да се повтори тој успех, иако многумина мислат дека прва цел ќе му биде грижата да постигне што е можно повеќе погодоци. Запрашан за тоа дали ќе цели да биде прв стрелец во лигата, Лукаку искрено одговори.

„Да бидам искрен, не ми е гајле колку голови ќе постигнам. Размислувам само на освојување на Скудетото, тоа ми е најважно. Ние сме Интер и играме за титулата, а не за поединечни награди“, беше коментарот на Лукаку со кој ги израдува фановите на Нераѕурите.

- Оглас -

Најнови вести