Лукаку со покер голови го реши Азербејџан, Шведска рутински со Естонија (Видео)

Квалификациите за Европското првенство во групата Ф и официјално завршија. Од поодамна беше познато дека Белгија и Австрија ќе играат на континенталниот собир во Германија следната година.

Белгија во голем стил и со убедлива победа од 5-0 над Азербејџан го завери првото место во групата со бод предност пред Австрија, која беше слободна. Сите четири погодоци во првото полувреме беа дело на Ромелу Лукаку, кој на паузата беше заменет. Последниот, петти, погодок беше дело на Тросар во 90-тата минута.

Победа забележа и Шведска, која на домашен терен ја совлада Естонија со 2-0 и на крајот завршува на третата позиција во групата Ф.

- Оглас -

Најнови вести