Љупчо Марковски-Калц е нов тренер на Работнички

Некогашниот македонски фудбалски репрезентативец Љупчо Марковски-Калц е назначен за нов тренер на Работнички, објави тимот од Дебар Маало.

Популарниот Калц минатата сезона го предводеше тимот на Скопје, а сега реши да ја смени средината и ќе биде предводник на Романтичарите. Според договорот, стратегот ќе го предводи тимот во следната сезона.

„Работнички му ја доверува шансата на Љупчо Марковски да биде нов шеф на стручниот штаб. Сметаме дека со неговиот фудбалски авторитет во Македонија и искуството за работа со млади и талентирани фудбалери заеднички ќе успееме да го подигнеме нивото на младиот тим на Работнички. Клубот и понатаму останува посветен на продуцирање македонски играчи кои ќе добиваат шанса за докажување“, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски.

- Оглас -

Најнови вести