Маестро Никола Ѓоргиев второ коло по ред е МВП на ЕП во Словенија

Никола Ѓоргиев повторно е прогласен за најкорисен играч на колото во нашата група на Европското првенство во Словенија.

Вкупно со 24 поени и нова блескава партија одбојка во „Стожице“, капитенот ја предводеше Македонија до втора победа, вчера против домаќинот Словенија со 3:1.

Ѓоргиев и во претходната рунда беше МВП, а и тогаш, против Белорусија блескаше со неверојатни 37 поени, а Македонија ја забележа првата победа на големите натпреварувања со резултат 3:1.

Во останатите групи Белгиецот Томас Русо, потоа Алекс Фереира од Португалија и холандскиот репрезентативец Мајкл Паркинсон се прогласени за најкорисни одбојкари на колото.

 

- Оглас -

Најнови вести