Магична ноќ на Дончиќ и Ирвинг, Далас немаше милост за Портланд (Видео)

Кошаркарите на Далас немаа милост за Портланд и го победија со убедливи 126-97. Победата можеше да биде и поубедлива, но во последните минути од мечот дојде до опуштање кај домашните, кои на почетокот од последната четвртина имаа и максимални +38 поени разлика.

Словенечкиот интернационалец, Лука Дончиќ, убедливо беше најдобар на паркетот дури со 41 поен, додека Кајли Ирвинг уфрли 29.

Победникот на мечот се наѕираше уште на самиот старт, со оглед на тоа дека Далас отвори со серија од 9-0, а првиот период заврши со двоцифрено водство од 35-25. Вистински дебакл на Портланд му се случи во втората четвртина, која ја загубија со 43-22, па Далас на паузата замина со повеќе од убедливи 78-47. Второто полувреме беше само формалност.

Резултати:

Кливленд – Вашингтон 140-101
Индијана – Милвоки 142-130
Атланта – Оклахома 141-138
Мемфис – Торонто 111-116
Минесота – Њу Орлеанс 106-117
Далас – Портланд 126-97
Њујорк – Чикаго 116-100
Феникс – ЛА клиперс 122-131
Јута – Детроит 154-148 (138-138)
ЛА Лејкерс – Мајами 96-110
Сакраменто – Орландо 138-135 (118-118)

- Оглас -

Најнови вести