Магија на Меси за победа на Интер Мајами со гол во последната секунда од мечот (Видео)

Лионел Меси не постигна гол, но повторно беше најзаслужен за триумфот на Интер Мајами, овојпат над Атлас со 2:1 во Лига купот. Интер поведе со голот на Сеговија во 58-мата минута по асистенција на Меси, а Атлас израмни во 80-тата минута.

Главниот судија покажа дека ќе се играат пет минути продолжение, а Интер Мајами беше во напад кога измина петтата минута од надополнувањето, кога Меси се најде сам пред противничкиот голман, но наместо да шутира, несебично асистираше за лесен гол и победа од 2:1.

- Оглас -

Најнови вести