Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар Волкановски, загуби на поени од Ислам Махачев во битката за светска титула во лесна категорија, но даде силен отпор, и не беше толку голем аутсајдер како што најавуваа квотите во обложувалниците.
Русинот Махачев кој е од областа Дагестан и го нарекуваат наследник на Хабиб Нурмагомедов, призна дека никогаш порано не примил толку удари како утрово во Перт од Александар Велики.
Битката траеше пет рунди, сепак, судиите едногласно го прогласија за победник и тој го задржа појасот.
Со ова се прекина серијата на Волкановски од 22 победи по ред, ова му е прв пораз во 13-тиот настап под капата на УФЦ, па сега следна борба треба да има за враќање на титулата во перо лесна категорија.