Мајами има убава шанса да тргне со 2-0 против Филаделфија, Феникс – Далас е Давид против Голијат

Доцна вечерва стартуваат нови два дуели од конференциските полуфиналиња во НБА лигата, Мајами хит ја пречекува Филаделфија, додека Феникс санс е домаќин на Далас маверикс.

Според квотите во Sport Life, на двата меча, големи фаворити се домашните тимови, а има и зошто.

Најголемиот адут на Мајами против 76-ките е што на првите два меча, а за третиот не се знае уште, кај Филаделфија ќе го нема центарот кандидат за МВП на лигата, Џоел Ембид. Ѕвездата на Сиксерс е повреден, а без него, Филаделфија не е толку опасна и ќе мора премногу да се потпре на Џејмс Харден. Сезонава на мечевите на кои играше Ембид, Филаделфија има скор 45-23, а без него имаат 6-8.

Во Феникс, Сонцата кои имаат неколку опасни оружја, се фаворити против Далас каде прва виолина е Лука Дончиќ. Маверикс игра добро и без Дончиќ, што го покажа во првото коло на првите три меча против Јута кога Словенецот не настапи. Традицијата го фаворизира Феникс, има серија од девет победи по ред против Далас. Мавс не победиле против Санс уште од ноември 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести