Холандскиот моторциклист Виктор Стиман почина по страшниот пад што го имаше на патеката во Португалија. Стиман кој имаше само 22 години почина по тешките повреди што ги заработи на главата по падот на трката во рамките од ФИМ Суперспорт 300 светскиот шампионат.
Неколку дена по смртта на младиот Виктор, синоќа почина и неговата мајка. Флора ван Лимбек која имаше 59 години почина од срцев удар во својот дом. Едноставно стресот кој мајката го доживеа со губење на своето дете, не можела да го издржи, па попушти и нејзиното срце.
Семејството на Виктор веднаш по неговата смрт одлучи да ги донира неговите здрави органи и на тој начин да спасат пет животи на оние на кои им се потребни пресадување на човечки органи.