Мајка го моли Путин на син ѝ да му најде клуб

Мајката на анонимниот 23-годишен фудбалер Константин Јурчик смета дека е виновна што нејзиниот син не успеал во кариерата, има грижа на совест и решена е да му помогне, па откако нејзините писма до руските прволигаши не вродија со плод, таа реши да му се обрати и на најмоќниот човек во Русија, претседателот Владимир Путин.

Госпоѓа Јурчик го замоли Путин да му помогне на синот да најде клуб откако четири години тој оди од проба на проба, летоска бил во Литванија и никако да ги задоволи вкусовите на работодавците.

Откако почна да брка врски преку претседателот, клубовите барем почнаа да одговараат на барањето, меѓу нив и Зенит, иако никој не му понудил договор. Од Зенит иако не го виделе на тренинг, рекле дека со задоволство би му излегле во пресрет, но за оваа сезона е предоцна бидејќи веќе им се пополнети местата во првиот тим и во тимот Б, а за младиот не може да игра бидејќи има повеќе од 21 година.

„Не е првпат мајка ми да праќа такви писма, но досега праќаше само во клубовите. Не ја спречував бидејќи мислев дека нема ниту еден процент шанса да излезе нешто од тоа. Не сакав цела јавност да дознае, мислев ќе се шегуваат на моја сметка, но се случува спротивното, ми даваат поддршка“, изјави дефанзивецот Јурчик, кој играше за младиот тим на Торпедо во 2014/15 и оттогаш е без ангажман.

- Оглас -

Најнови вести