Мајката на Ѓоковиќ: Новак дома донесе само две девојки, Јелена и една одбојкарка

Жената која го роди српскиот тенисер и актуелен „светски рекет број 1“, Новак Ѓоковиќ, мајка му Дијана, рече дека Ноле немал бурен љубовен живот и имал само две девојки во животот, барем само две ги запознал со неговите родители.

„Новак уште многу млад имаше професионални обврски и немаше време за забави. Повеќе е на пат, отколку дома. Запознав една негова девојка мислам дека беше одбојкарка од Краљево. Подоцна ја запознавме Јелена и тоа е тоа. Мислев дека и таа е минлива, тој имаше 18 години, но ете, се ожени со неа. Други девојки не сум запознала“, се присетува Дијана Ѓоковиќ.

Српските медиуми во минатото имаат пишувано за поранешна девојка на Новак со која бил кратко, но таа не е одбојкарка од Краљево, туку работи како ди-џеј под името Леди Ли, а нејзиното вистинско име е Лидија Поповиќ и таа е од Нови Сад.

- Оглас -

Најнови вести