Мајката на Кристијано го бодри Спортинг, но Манчестер сити гази во Лисабон

Додека Кристијано Роналдо е во Манчестер, каде што неговиот Јунајтед игра премиерлигашки дуел со Брајтон, мајка му Марија Долорес е во Лисабон, каде што го бодри Спортинг Лисабон.

Лавовите од Лисабон имаат ептен тешка задача против Граѓаните, па поддршката од трибините им е повеќе од потребна.

Сити води со 2-0, Марез и Бернардо Силва беа стрелци на головите со кои по 17 минути, се чини дека е одлучен победникот, па и патникот во четвртфиналето на ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести