Мајката на Рабио на трибините се караше со членовите на семејствата на Мбапе и Погба (Видео)

Франција беше прв фаворит за освојување на титулата на Европското првенство, но само со една победа во четири меча не е чудно што Галските петли беа елиминирани уште во првата фаза од нокаут-системот. Франција водеше со 3:1 пред крајот против Швајцарија, но противникот не се предаде и даде два гола во финишот на средбата и стигна до 3:3 и продолженија, а потоа и до пенали.

Во пенал-рулетот, Килијан Мбапе беше единствениот од 10-темина фудбалери на двата тима што промаши и Франција затоа е елиминирана.

На трибините на стадионот во Букурешт една од оние кои најжестоко реагираа поради поразот беше мајката на Адријан Рабио. Таа не издржа, а да не почне да се кара со членовите на семејствата на Пол Погба и Килијан Мбапе.

Интересно е што Рабио на теренот се скара со Погба поради киксот на ѕвездата на Манчестер јунајтед, кога ја загуби топката на средината од теренот и потоа Швајцарија погоди за 3:3. Откако Мбапе го промаши пеналот по кој Франција беше елиминирана, мајката на Рабио почна да дофрла кон мајката на Килијан.

„Срамота е играч со негови квалитети да шутне таков пенал. Шутираше премногу споро. Се надевам дека ќе му дадете лекција и затоа што е премногу арогантен“, викала Вероника Рабио на мајката на Мбапе, а сето тоа го забележале дел од француските новинари кои биле во непосредна близина.

https://streamable.com/obopeg

 

- Оглас -

Најнови вести