Мајката на Роналдо му подари дрес на Папата со надеж дека ќе даде благослов за Португалија на СП

Мајката на Кристијано Роналдо, Марија Долорес Авеиро, се сретна со папата Франциско и му подари дрес од португалската фудбалска репрезентација со името на Роналдо и седумката на грбот.

Папата, кој е Аргентинец, познато е дека е голем љубител на фудбалот и имал краток разговор со мајката на Кристијано. Поглаварот на Римокатоличката црква со задоволство го прими подарокот.

Веројатно Роналдо верува дека ова може да му помогне да се пласира на Мундијалот во Катар. За да успее, треба Португалија во мартовските баражи прво да ја победи Турција, а потоа и Италија или Македонија.

- Оглас -

Најнови вести