Мајката на Роналдо во фронтален напад: Да не беше фудбалската мафија син ми ќе имаше уште Златни топки

Мајката на Кристијано Роналдо, Марија Долорес тргна во фронтален напад против неправдите во фудбалот и како што вели нејзиниот син ќе имаше уште многу признанија, ако немаше фудбалска мафија.

„Кристијано ќе имаше уште неколку Златни топки, да немаше фудбалска мафија. Да беше Шпанец, или Англичанец ќе стасаа и многу повеќе признанија, но тој е Португалец, роден во Мадеира“, изјави Долорес.

Еден од најдобрите играчи на сите времиња е рекордер заедно со Лионел Меси со по пет признанија од Франс фудбал, кој го доделува популарниот Балон Д`Ор, но има и најмногу втори места, вкупно 6 во историјата на престижната награда.

Од 2016 година ФИФА и Франс фудбал ја прекинаа соработката, па светската куќа на фудбалот доделува посебно признание „Најдобар играч на годината“, а и тука Роналдо е на врвот со две награди, што ги заслужи во 2016 и во 2017 година, пред Меси и Модриќ, кои имаат по една статуетка од ФИФА.

 

- Оглас -

Најнови вести