Мајкл Џордан по 13 години реши да го продаде клубот

Според многумина, најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, реши дека е време да го продаде НБА-клубот што го имаше во свое раководство цели 13 години. Според тврдењата на Андриј Војнаровски, Џордан ќе го продаде доминантниот акциски пакет што го има во Шарлот хорнетс, еден од најнеуспешните НБА-клубови во изминативе неколку години.

Џордан ќе го продаде клубот на инвестицискиот фонд од Њујорк, „Мелвин Капитал менаџмент“, чии сопственици се Гејб Плоткин и Рик Шнал. Како играч, Џордан освои дури шест шампиони прстени, но како претседател на клубот, не беше ни приближно толку успешен.

- Оглас -

Најнови вести