Мајкл Овен има свој фаворит за СП 2026, но тоа не е Англија

Поранешниот англиски репрезентативец Мајкл Овен има свој фаворит за освојување на златниот медал на претстојното Светско првенство, а тоа не е Англија. Овен, кој во 2001 година ја освои најпрестижната индивидуална награда, Златната топка, анализираше дека зголемувањето на бројот на учесници на завршницата од Мундијалот има свои позитивни, но и негативни страни.

Овен потенцираше дека сега на завршницата од планетарниот собир се дел од селекциите кои реално не би имале шанси да се меѓу најдобрите, ако се задржел стариот систем и бројот на учесници останел 32, а не како сега, дури 48 репрезентации. Негативното е тоа што на дел од натпреварите може да влијае на квалитетот.

Англискиот голгетер вели дека Франција е неговиот фаворит за освојување на златото. „Големите репрезентации кои имаат широк избор на фудбалери може да имаат предност во однос на оние кои се базираат најмногу на стартните 11 на теренот. Ако морам да одберам еден фаворит, тоа е Франција. Тие имаат неверојатен тим и континуитет на резултати“, рече Овен, кој освен Галските петли, во најтесен круг на фаворити ја стави и селекцијата на Шпанија. Овен потенцираше дека од „сенка“ може да изненадат домашните селекции на САД и на Канада, но и на Јапонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести