Мајорка потсети како Трајковски и Будимир беа одлично дуо во Интер Запрешиќ (видео)

Од македонскиот репрезентативец Александар Трајковски се очекува да биде клучен играч на Мајорка во пресрет на новата сезона во Ла Лига. Повратникот во шпанската елита денес го официјализираше ангажманот на нашиот офанзивец, кој остана без клуб по прекинување на соработката со Палермо.

Трајковски во следните три години ќе има можност повторно да соработука со Хрватот Анте Будимир, со кого заедно ги бранеа боите на Интер Запрешиќ во 2011 година. Мајорка на својот „Твитер“ профил објави видео снимка и потсети како изгледаше македонско-хрватското дуо на терените пред осум години.

- Оглас -

Најнови вести