Мајсторија на Кавани го однесе Уругвај на првото место пред Чиле (Видео)

Уругвај минимално со 1:0 го победи Чиле и на тој начин го освои првото место во Ц групата на Копа Америка. Најтрофејната селекција на јужноамериканското континентално натпреварување до победата стигна благодарение на голот на Единсон Кавани во 82 минута од мечот. Голгетерот на Пари Сен Жермен на мајсторски начин со глава само го смени правецот на топката и го измами голманот на Чиле.

Во вториот меч од оваа група Еквадор и Парагвај ремизираа 1:1, резултат кој не им одговараше на двете селекции и за нив е завршено натпреварувањето. По комплетирањето на Ц групата, веќе се познати сите осум селекции кои продолжуваат во четвртфиналето, како двојките кои ќе се борат за пласман во полуфиналето.

Домаќинот Бразил ќе игра против Парагвај, а ќе се сретнат и Аргентина – Венецуела, Колумбија – Чиле и Уругвај – Перу.

 

- Оглас -

Најнови вести