Мајсторија на Тареми, овој погодок ќе биде најдобар во четвртфиналната фаза (видео)

Со вкупен резултат од 2-1 во двомечот против Порто, Челзи обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите првпат по седум години пауза, а утре ќе дознае дали Реал Мадрид или Ливерпул ќе им биде противник во битката за големото финале.

Сините беа на прагот и во реваншот против Порто да сочуваат мрежа, па да врзат четири меча од нокаут-фазата без примен гол ако се сметаат двете победи од 1-0 и 2-0 над Атлетико Мадрид од осминафиналето.

Сепак, Мехди Тареми имаше други планови, па го одјави Порто на најдобар можен начин. На почетокот од четвртата минута од судиското надополнување, Тареми со маестрални ножички го совлада Менди и им донесе Пирова победа на португалските Змејови.

- Оглас -

Најнови вести