Мајсторијата на Меси против Ливерпул е гол на сезоната во ЛШ (видео)

Минатата сезона сведочевме на голем број фантастични погодоци на големите мајстори на европската сцена, но само еден од нив е најдобар. Тоа е голот на Лионел Меси кој го постигна од слободен удар во дуелот против Ливерпул во полуфиналната фаза.

https://twitter.com/championsleague/status/1159790753436110848?s=21

Аргентиската мегаѕвезда им донесе предност на Каталонците од 3-0 во првиот полуфинален дуел кој се одигра на „Камп ноу“, тресејќи ја мрежата на Алисон од далечина од речиси 30 метри. Воедно, тој погодок беше 600-ти за Меси во дресот на Барса во сите натпреварувања, а УЕФА го одбра за најдобар во минатата сезона.

Погледнете ја уште еднаш мајсторијата на еден од најдобрите на сите времиња:

- Оглас -

Најнови вести