Мајсторот за пенали помогна за пресврт на Шкендија во Струмица

Академија Пандев загуби од Шкендија со 1-2, и излезе од местата кои водат во европските купови. Струмичани поведоа со голот на Миловановиќ уште во 5 минута, а егал донесе Алими во 23-та минута. Водство на Шкендија донесе Агим Ибраими од пенал во 55-та минута и тоа се покажа како решавачки момент на дербито, бидејќи до крајот веќе не падна гол. Ибраими сезонава во првата лига има четири гола, сите со шут од белата точка.

После оваа победа, Шкендија се зацврсти на втората позиција, со осум бода негатива зад лидерот Вардар кој вчера ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 3-1.

- Оглас -

Најнови вести