Мајсторски нанижа 15 меча за 40 денари, добивката е гром (Фото)

Три тикети со мали уплати донесоа одлични добивки во Sport Life за тројца различни мајстори за обложување. Едниот од нив е уплатен во обложувачкото место Соколана во Куманово, а останатите два тикети се уплатени во објектот Маџари 2 на Sport Life и кај Млечен ресторан во Скопје.

ИЗГЛЕДА ЛЕСНО – НАНИЖА 15 НАТПРЕВАРИ СО ИСТ ЗНАК, ЌАРОТ Е 2.000 ЕВРА

Одлично е одигран тикетот во обложувачкото место Соколана на Sport Life во Куманово, a погодени се дури 15 натпревари со ист знак Т1 2+, или домашните екипи да постигнат најмалку два гола.

Серијалот го почна Холштајн Кил со победа од 2:0 против Зандхаузен во меч од Втората германска лига, а успешно го заврши Мотагва против Вида со триумф од 3:0 во натпревар од најсилната лига на Хондурас што се играше ноќеска од три часот.

Уплатата е скромна, 40 денари, а добивката во бруто-износ е 124.003 денари, или околу 2.000 евра.

ТРИНАЕСТКАТА НЕ БЕШЕ БАКСУЗНА ВО МАЏАРИ, СРЕЌЕН БЕШЕ ГОЛОТ ВО 98-МАТА МИНУТА

Малку поинаков тикет со многу парови, дури 13, е добитен во скопската населба Маџари, а одиграни се натпревари со различни игри и со уплата од само 20 денари, добивката во бруто-износ е 52.381 денари.

Сите натпревари се играа во средата, а најдраматично беше во Шведска, на дуелот од Втората лига меѓу ГАИС и Естерс. Се чекаше победа на домаќините, а се случи вистинско чудо.

Гостите поведоа со 0:2 со два брзи гола во 62-рата и во 65-тата минута, а потоа стигна невиден пресврт што почна со прв гол за ГАИС во 83-тата минута. Во последната минута од регуларниот дел, домаќините израмнија на 2:2, а судиското продолжение траеше долго, над 10 минути и донесе уште еден гол за огромна радост во Скопје.

Го постигна Лумбана за ГАИС во 98-мата минута, што беше доволно за триумф и добитен тикет од 52.381 уплатен за 20 денари во објектот Маџари 2 на Sport Life.

ДВАПАТИ ПО 25 ВО ЕГИПЕТ ЗА ЌАР ОД 95 ИЛЈАДИ

Само со два одиграни натпревари, но со огромни коефициенти од по 25 во Sport Life, одлично и многу ефектно изгледа добитниот тикет во Скопје уплатен во објектот кај Млечен ресторан.

Одиграно е дека на два меча во египетското првенство ќе се тресат мрежите на екипите и во првото и во второто полувреме, или популарната игра ГГ1&ГГ2.

Исмаили на домашен терен го победи Ел Гунах со 3:2, на полувремето беше 1:1, а идентичен беше исходот и текот на натпреварот меѓу Асван и Ал Масри, но тука гостите победија со 3:2.

Во Египет ретко има вакви натпревари, се игра потврд фудбал и затоа и коефициентите се огромни, во случајов на двата дуели по 25 во Sport Life.

Тикетот излезе многу лесно, голови имаше навреме во двете полувремиња и со вкупен коефициент од 625 и уплата од 150 денари на сопственикот на тикетот му се исплатени 81.281 денар по одбиен данок од бруто-добивката што изнесува 95.625 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести