Макаби се осоколи откако го мина пеколот на „Маракана“: Дајте ни ги Ливерпул и ПСЖ

Макаби Хаифа го преживеа белградскиот пекол на „Рајко Митиќ“, односно популарната „Маракана“ и со реми 2:2 во реваншот против Црвена ѕвезда се пласира во Лигата на шампионите.

Ова ќе им биде трето учество со кремот на клупскиот фудбал во Европа, а се осоколија по подвигот на бучната „Маракана“ и сега со нетрпение ја чекаат утрешната ждрепка во Истанбул од 18 часот, по која ќе биде познат составот на групите во првата фаза од Лигата на шампионите.

„Кога го минавме пеколот на ‘Маракана’ во Белград, редно е ждрепката да ни донесе силни екипи. Јас посакувам да играме со Пари Сен Жермен и Ливерпул, а од третиот шешир нека биде Борусија Дортмунд. Израел заслужува пак да ги гледа Меси и Нејмар, секако и Мбапе“, вели Долев Хазиза.

Макаби е во последниот, четврти шешир според рејтингот и утре од 18 часот ќе ги дознае ривалите во фазата по групи во Лигата на шампионите. 

- Оглас -

Најнови вести