Интер Мајами и Филаделфија одиграа спектакуларен меч на кој беа постигнати 10 гола, а Меси и другарите се радуваа на победата со 6-4. Сепак, фудбалер кој го обележа мечот е Македонецот Милан Илоски, кој со два гола во четвртата и во 10-тата минута донесе водство од 0-2 за Филаделфија, а хет-трикот го комплетираше во продолжението од првиот дел кога израмни на 4-4.
Интер Мајами иако уште во почетната фаза имаше негатива, успеа да направи комплетен пресврт, Лионел Меси двапати асистираше, а Луис Суарес постигна хет-трик, но сепак, фудбалер со највисока оценка беше токму Илоски – неверојатни 9,8.
Милан Илоски е фудбалер кој има македонско потекло, а на последните три меча за Филаделфија постигнува голови. Оваа сезона во МЛС лигата веќе дојде до ефект од седум гола, а неговата вредност е околу три милиони евра, што го прави еден од најскапите Македонски на трансфер-пазарот.
Доказ за силната поврзаност со Македонија на Илоски е и мечот против Интер Мајами, на кој фудбалерите на Филаделфија на своите дресови ги имаа истакнато знамињата од земјите од кои потекнуваат, а на неговиот дрес гордо стоеше и македонското знаме.


