Македонецот селектор на САД испиша историја, во репрезентацијата заигра фудбалерка со хендикеп

Карлсон Пикет е фудбалерката која испиша историја во репрезентацијата на САД затоа што стана првата која заиграла во националниот тим, а има хендикеп (има разлика во екстремитетите). Пикет е родена без еден дел од левата рака, но тоа не ѝ претставуваше проблем да го оствари сонот, да заигра за репрезентацијата на САД.

На дуелот против Колумбија, селекторот на САД, македонскиот тренер Влатко Андоновски, ја вметна Пикет во стартниот тим и таа го одигра целиот меч во победата од 2:0.

„Чувството да се биде различен и вознемиреноста да не се вклопам е нешто низ коешто сум поминала“, порача Пикет, споделувајќи како носела дуксери во текот на летото за да ја сокрие раката. „Овој месец е навистина навистина посебен, важен и треба да се слави“, задоволно коментира фудбалерката.

„Карлсон добро тренираше изминативе дена и среќен сум што одигра добри 90 минути“, рече селекторот Андоновски по победата на САД над Колумбија.

 

- Оглас -

Најнови вести