Македонецот Шортс со Бон триумфира во Лигата на шампионите на ФИБА

Натурализираниот македонски репрезентативец, Ти Џеј Шортс ја освои титулата во Лигата на шампионите на ФИБА, откако со неговиот Телеком Бон во финалето го совлада Хапоел Ерусалим со 77:70.

Шортс викендов беше прогласен за МВП во ова натпреварување, а вечерва повторно го оправда признанието.

Македонскиот репрезентативец беше најпрецизен кошаркар на натпреварот со 29 постигнати поени за 28 минути игра.

Завршниот турнир во ЛШ на ФИБА се одржа во Малага, Шпанија.

https://twitter.com/i/status/1657839008926298115

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести