Реми без погодоци против Ерменија – Македонија доминираше во поле, но головите се бројат (Фото)

Македонија доминираше во поле, имаше дури 65 отсто посед на топката, но и тоа не беше доволно да се победи Ерменија во Скопје, во квалификациски меч за настап на Мундијалот во Катар.

Мечот од четвртото коло во Ј групата заврши нерешено без голови и со малку шанси за погодоци. Во првото полувреме домаќинот имаше иницијатива, а Ерменците се закануваа од контранапади.

Во 29-тата минута Алекснадар Трајковски ја промаши топката во ситуација кога беше сам на пеналтикот, а во продолжение на акцијата Елмас се обиде, но не погоди.

Вардасјан беше опасен на спротивната страна, но најдобриот голман на стартот од новата сезона во Ла Лига, Димитриевски, одлично одбрани.

Македонија продолжи да доминира, а најубавата шанса за победа ја имавме во финишот на мечот. Езџан Алиоски со топовски удар гаѓаше кон голот на гостите, но топката го погоди Ашковски и за малку помина крај голот на Ерменците.

Ерменците ја задржаа првата позиција на табелата со 10 бода од четири меча, а Македонија сега е на третото место со 7 бода, зад Германија, која го победи Лихтенштајн. Германците имаат 9 бодови.

Следен меч на нашата репрезентација е гостувањето на Исланд во Рејкјавик на петти септември.

- Оглас -

Најнови вести