Македонија бара победа над Чешка за да ја избегне Италија и да ја прекине лошата традиција

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва го игра последниот меч од групната фаза на Европското првенство, а противник е Чешка. По досега одиграните четири меча, Макдонија и Чешка имаат потполно израмнет биланс. Двете селекции се со по две победи и два пораза и сет количник од шест добиени сета и седум загубени.

Победникот од овој меч ќе го обезбеди третото место и во осминафиналето ќе ја избегне Италија, која е сигурно првопласирана во групата со која вкрстуваат селекциите од „македонската“ група. Веќе е јасно дека победникот ќе игра против перфектната Италија, додека поразениот ќе се сретне со вториот од другата група, а тоа е селекцијата на Србија.

Македонија ќе ја има поддршката од домашната публика, која во последниот меч во салата „Борис Трајковски“ треба да даде најсилна поддршка за Црвено-жолтите. За разлика од вчерашниот дуел против Холандија, Македонија вечерва ќе биде посилна со играњето на капитенот Никола Ѓорѓиев.

Ако адут на Македонија е домашниот терен, тогаш адут за Чешка е традицијата. Чешка ги има добиено сите четири досегашни дуели против Македонија и во тие четири средби има загубено само еден сет.

 

- Оглас -

Најнови вести