Македонија домаќин на главното ЕП за кошаркари до 16 години

Кошаркарската федерација на Македонија ја доби довербата да биде организатор на Европско првенство за кошаркари до 16 години, Дивизија А. Машкото кадетско ЕП ќе се одигра во Скопје од 14 до 22 август.

Покрај нашата кадетска селекција, која е единствена што се натпреварува во елитната Дивизија А, КФСМ пријави уште младински репрезентации за учество во континентални првенства во соодветните возрасни категории и дивизии.

Женското кадетско ЕП (Дивизија Б) ќе се одигра од 17 до 26 јули во Сараево, БиХ. Машкото јуниорско ЕП (Дивизија Б) ќе се одигра од 24 јули до 2 август во Орадеа, Романија. Женското јуниорско првенство (Дивизија Б) ќе се одигра од 3 до 12 јули во три града во Австрија, а младинците ќе разигруваат на шампионатот (Дивизија Б) од 10 до 19 јули во Тбилиси, Грузија.

- Оглас -

Најнови вести