Македонија е класа во ракомет за Турција

Македонската ракометна репрезентација ја победи Турција со 26:23 во пријателски меч што се одигра во Ескишехир.

Во петтиот меѓусебен дуел со Турците ја забележавме четвртата победа, а најава за нов триумф беше одличната игра во првото полувреме.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац доминираа во првите 30 минути и на полувреме имавме предност од 15:11. Турците се заканија со пресврт, во финишот намалија на 20:22, но сепак Македонија е класа за Турците во ракомет и успеа да слави со 26:23.

Второто полувреме им припадна на домаќините со 12:11, но тоа беше недоволно да се загрози победата на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести