Џани е на маки – Македонија е ризична земја, Алиоски го чека 14-дневен карантин во Англија

Езџан Алиоски веројатно ќе мора да биде во 14-дневен карантин, иако нема корона-вирус кога ќе се врати во Лидс. Владата на Велика Британија донесе одлука сите интернационални фудбалери кои доаѓаат од ризичните земји со ковид-19 при враќањето во нивната земја и во своите клубови, да бидат во двонеделна изолација.

Веќе е објавено дека 10-мина португалски фудбалери што настапуваат во Премиер лигата и во Чемпионшип ќе мора да бидат во карантин, а тоа веројатно го чека и нашиот репрезентативец.

Во Португалија повторно букна пандемијата со корона-вирус, а и Македонија е на листата ризични земји, што е неповолно за бекот на нашата репрезентација и на Лидс.

Објавено е дека и Единсон Кавани, најновото засилување на Манчестер јунајтед, веројатно нема да дебитира за Црвените ѓаволи бидејќи си замина од Англија и игра за Уругвај во квалификациите за Мундијалот во Катар.

Алиоски е со македонската репрезентација во Скопје и утре на националната арена „Тодор Проески“ ќе игра против Грузија.

По враќањето во Лидс, ќе биде во карантин иако има негативни тестови и нема корона-вирус, па можно е да ги пропушти натпреварите со Вулверхемтпон на 19 октомври и со Астон вила четири дена подоцна.

Ако сè биде в ред, популарниот Џани ќе може да биде во комбинација за настап на 2 ноември против Лестер на домашен терен.

Алиоски ќе го одигра тој меч ако Марсело Бјелса му даде шанса и уште еден на 7 ноември против Кристал палас во Лондон, а потоа повторно следува повторно камбек во нашата репрезентација за ноемврискиот историски меч со Грузија во Тбилиси на 12 ноември и со Естонија и Ерменија на 15 и на 18 ноември.

Потоа, што е лошо сценарио за нашиот репрезентативец, повторно би морал во 14-дневен карантин и пак ќе паузира и во тој период нема да игра за Лидс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести