Македонија е во привилегираната четвртина, 150 земји учеснички на ЛОИ немаат медал

Сребрениот медал кој го освои таеквондистот Дејан Георгиевски, со што го направи најголемиот олимписки успех во македонскиот спорт од осамостојувањето наваму, ја стави нашата земја на табелата на држави кои освоиле одличје на ЛОИ во Токио. А, листата на земји кои имаат медал на ЛОИ 2020 и не е бескрајно долга.

Засега 56 земји може да се пофалат дека некој нивен спортист освоил медал во Токио, а дури 150 земји учеснички ја немаат таа привилегија. Дејан ја стави Македонија во друштво на Бугарија, Колумбија, Данска, Индија, Јордан, Романија и Туркменистан како земји кои имаат по еден медал, и тоа сребрен.

Без медал засега се земји како Аргентина, Грција, Кенија, Јамајка, Шведска, Полска, Португалија…

На чело на табелата по бројот на освоени медали е САД со 24 и Кина со 21, но Јапонија е прва според бројот на златни медали, домаќините засега имаат 10 злата и единствени се со двоцифрен број на први места. Интересен е случајот со Косово, кој има два медали, и тоа двата златни. Засега спортистите од Косово или не освојуваат медал или кога ќе освојат, тоа е злато.

- Оглас -

Најнови вести