Македонија гази и со младинците, победа од 7:1

Македонската репрезентација за играчи до 21 година одлично стартуваше во квалификациите за пласман на Европското првенство. Нашите фудбалски надежи беа убедливи и со 7:1 ги победија Фарски Острови.

Интересно е што гостите први постигнаа гол. Со голот на Андреасен од пенал во 19-тата минута, Фраски Острови водеше со 1:0. Тоа како да ги налути нашите фудбалери, па до полувремето направија пресврт. Димирар Митровски погоди во 26-тата и во 45-тата минута, а прецизен беше и Чурлинов во 32-рата минута.

Гол-шоуто на Македонија продолжи и во второто полувреме. Даци погоди во 59-тата, а Личина зголеми на 5:1 во 62-рата минута. Митровски комплетираше хет-трик со погодокот во 85-тата минута, а точка на дуелот стави Чурлинов со својот втор погодок, за конечни 7:1.

Следниот меч Македонија ќе го игра на 10 октомври, на гости кај Црна Гора, која по два меча има победа и пораз.

- Оглас -

Најнови вести