Македонија Ѓорче Петров со гол од пенал победи во дербито

Македонија Ѓорче Петров минимално со 1:0 славеше над Академија Пандев, во дербито на 30. коло во Прва фудбалска лига. Ова беше дуел на две екипи кои атакуваат на позиција која води излез во Европа, а со освоените три бода на Лавовите од Ѓорче, во последните три кола ќе биде интересна борбата за второто и третотоместо. Моментно Шкендија е втора со 59 бодови, Академија Пандев има 58, а Македонија ЃП е со 56 бодови.

На Македонија Ѓорче Петров и беа потребни два пенали за да капитулираат гостите. Најпрво, во осмата минутабеше досуден првиот пенал за Македонија ЃП, а Сефер Емини ја презема одговорноста да шутира од 11 метри. За жал на домаќините, Емини го промаши целиот гол и остана 0:0.

Тоа што Емини не успеа да го реализира, во 85 минута го поправи Адем, кој погоди за 1:0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Во останатите денешни дуели, од прволигашниот фудбал, Борец го победи Скопје со 1:0, Пелистер и Тиквеш ремизираа 1:1 во Битола, а ист беше резултатот и на дуелот Ренова – Струга Трим Лум.

- Оглас -

Најнови вести