Македонија ЃП им се врати на победите, дербито на „Автокоманда“ без победник

Фудбалските второлигаши попладнево го одиграа редовното шестто коло, после кое нема големи промени на табелата. Македонија ЃП после загубениот меч со службен резултат против Новаци, им се врати на победите и 0-2 славеше на гостувањето во Богданци, против Вардарски.

Дербито на „Автокоманда“ помеѓу Скопје и Брегалница заврши без голови, 0-0, па бодот беше доволен за штипјани да го задржат првото место на табелата. Освен овој меч, без голови завршија уште два натпревари. Во Гевгелија, Кожуф и Детонит играа 0-0, а идентично беше и на мечот Новаци – Беласица.

Најголемото изненадување ова коло го направи екипата на Саса, која на домашен терен го победи Арсими со 2-1.

Резултати:

Скопје – Брегалница 0-0
Кожуф – Детонит 0-0
Новаци – Беласица 0-0
Осогово – Борец 1-0
Победа – Охрид 0-1
Саса – Арсими 2-1
Вардар Н. – Башкими 0-1
Вардарски – Македонија ЃП 0-2

Табела: 1. Брегалница 14, 2. Македонија ЃП 13, 3. Башкими 13, 4. Кожуф 12, 5. Арсими 12, 6. Детонит 11, 7. Новаци 10, 8. Саса 8, 9. Скопје 7. 10. Охрид 7, 11. Беласица 5, 12. Осогово 5, 13. Победа 4, 14. Вардар Н. 4, 15. Борец 3, 16. Вардарски 2.

- Оглас -

Најнови вести