Македонија грми во Палермо, гол на Несторовски со асистенција на Трајковски (Видео)

Капитенот на Палермо Илија Несторовски се врати на терен со гол против Бреша, а асистент за погодокот во 79. минута му беше Александар Трајковски. Палермо сепак не успеа да победи, бидејќи Бреша израмни на 1:1 во последните моменти на дербито, со погодокот на Тремолада и остана на првото место во Серија Б, со еден бод повеќе од денешниот ривал.

Александар Трајковски од корнер го погоди Несторовски на вистинско место, а голгетерот на Палермо не знае да згреши од позиции за гол и го прослави првиот настап во 2019 година со погодок.

Несторовски паузираше од почетокот на декември поради повреда, а враќањето и не можеше да биде подобро. Влезе во 75. минута, а само 240 секунди подоцна со удар со глава го постигна седмиот гол сезонава. Тој е најдобар стрелец на Палермо, иако паузираше долго поради повредата.

https://www.youtube.com/watch?v=Oc7FA7mQTyk

Одличен меч одигра и Трајковски, но за жал на Палермо примија погодок во 92. минута и останаа зад Бреша на табелата во Серија Б.

- Оглас -

Најнови вести