Македонија ја надигра Ерменија, има сè за победа, фали само гол

Македонија игра одлично и недостасуваше само гол во мрежата на Ерменија за да ја круниса апсолутната домиција во поле во првото полувреме од четвртиот меч во квалификациите за настап на Мундијалот во Катар.

Имавме и шанси, особено добри беа позициите на Александар Трајковски во 29-тата минута, кога од пеналтикот го промаши фудбалот во чиста ситуација и потоа Елмас во продолжението на акцијата со удар крај голот.

Во составот што го предводи новиот селектор Благоја Милевски одлично функционираат бочните позиции со капитенот Стефан Ристовски и Чурлинов на десната страна и со Алиоски и Елмас лево.

Македонија имаше посед на топка од над 60 отсто во првиот дел, но само реализацијата не спречи да имаме предност против единствената непоразена репрезентација во нашата група.

Ерменците ретко ја минуваа половината од теренот, но во два наврати беа опасни во контрите, кога Димитриевски го спречи Варданјан да погоди и потоа Мхитарјан, чиј удар од 16 метри беше блокиран од нашата одбрана.

 

- Оглас -

Најнови вести