Македонија ќе има поддршка и во Сараево: Пуштени се во продажба билетите за мечот против БиХ

Македонската фудбалска репрезентација на 29 мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина за македонските навивачи обезбеди влезници по цена од 1.000 денари за секторите ЈУГ Б4, ЈУГ Б3 и ЈУГ – стоење на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево.

Навивачите на македонската репрезентација билетите можат да ги купат директно преку веб-платформата на ФФМ – eticket.ffm.mk

Според босанските медиуми, јужната трибина на стадионот „Кошево“ ќе биде пуштена во употреба, но со намален капацитет, па на неа наместо 3.500 гледачи, ќе може да влезат само 1.800. Токму на оваа трибина ќе бидат и македонските навивачи.

- Оглас -

Најнови вести