Луис Енрике открива во кој сегмент Арсенал е најдобар на светот

Помалку од десет дена остануваат до финалето во Лигата на шампионите, каде што Пари Сен Жермен и Арсенал ќе се борат за трофејот. ПСЖ е првак на Франција потврдувајќи ја доминацијата, додека Арсенал за првпат по 22 години е шампион во Англија.

Тренерот на францускиот тим, Луис Енрике, упати големи пофалби за Арсенал и потенцираше во што ја гледа силата на Топчиите.

„Тие заслужија да ја освојат Премиер лигата. Имаа неверојатна сезона. Без сомнение, тие се најдобриот тим во светот без топката. Тоа е одлична комбинација ако можете да успеете да ја сочувате својата мрежа незатресена и, секако, да постигнувате голови на спротивната страна. Ќе биде тешко финале со два тима со различни стилови“, рече Енрике.

Овие два тима добро се познаваат. Минатата сезона играа во полуфиналето од Лига на шампиони кога ПСЖ прво победи на гости минимално со 1:0, а потоа Светците славеа и дома со 2:1. Арсенал ги победи Светците во октомври 2024 година кога беа подобри со 2:0 на свој терен во групната фаза од ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести