Шпанскиот прволигаш Алавес е заинтересиран за ангажман на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски и ако трансферот од Риека се реализира, Македонија ќе има најмалку тројца играчи во силната Ла Лига од идната сезона.
Одличните настапи на Велковски во дресот со националните бои на Македонија го привлече вниманието на клубот од Баскија, па се очекува Дарко од идната сезона да игра во Шпанија.
Во една од најсилните лиги на светот игра и Енис Барди како член на Леванте, а камбек со Рајо Валјекано направи голманот Столе Димитриевски откако негвиот клуб победи во баражот за последниот билет за Ла Лига.
Можно е и Барди и Димитриевски да ги сменат клупските бои, а и за двајцата се интересира Валенсија. За нашиот репрезентативен голман по одличните настапи на ЕП интерес има и од Севилја, па ова лето и трансфер-периодот ќе бидат интересни за нашите репрезентативци.