Македонија ќе се изнаигра фудбал во 2021 година

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе брка нов сон, тоа е пласман на Светското првенство 2022 година кое ќе се одржува во Катар.

Денес селекцијата ги доби противниците во квалфикациите, во групата Ј Македонија ќе се пресмета со фаворитот Германија, Романија, Исланд, Лихтенштајн и Ерменија.

Должноста за одредување на датумите за одигрување на натпреварите ја има УЕФА, а веќе е одредено кога ќе се играат истите. Македонија ја очекува доста работна година со оглед на тоа дека квалификациите треба да почнат кон крајот на март 2021 година и да завршат во средината од ноември.

Подолу е редоследот на сите 10 кола, а дополнително ќе се одредуваат термините за натпреварите, како и редоследот на противниците на нашиот А тим.

  1. коло –  24 и 25 март 2021
  2. коло – 27 и 28 март 2021
  3. коло –  30 и 31 март 2021
  4. коло – 1 и 2 септември 2021
  5. коло –  4 и 5 септември 2021
  6. коло –  7 и 8 септември 2021
  7. коло –  8 и 9 октомври 2021
  8. коло – 11 и 12 октомври 2021
  9. коло –  од 11 до 13 ноември 2021
  10. коло – од 14 до 16 ноември 2021
  • плејоф– 24, 25, 28, 29 март 2022 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести