Познати ривалите на Македонија на патот до СП 2022, првпат против Германија!

Четирикратниот светски првак Германија, е најзвучниот противник на македонската репрезентација во квалификациите за Светското првенство 2022 година. Ждрепката не ни беше наклонета, во група сме и со опасни ривали како Романија, Исланд и Ерменија, а тука е и Лихтенштајн против кого ја имаме најубедливата победа во историјата.

ГРУПА А: Португалија, Србија, Република Ирска, Луксембург, Азербејџан.

ГРУПА Б: Шпанија, Шведска, Грција, Грузија, Косово.

ГРУПА Ц: Италија, Швајцарија, Северна Ирска, Бугарија, Литванија.

ГРУПА Д: Франција, Украина, Финска, БиХ, Казахстан.

ГРУПА Е: Белгија, Велс, Чешка, Белорусија, Естонија.

ГРУПА Ф: Данска, Австрија, Шкотска, Израел, Фарски острови, Молдавија.

ГРУПА Г: Холандија, Турција, Норвешка, Црна Гора, Летонија, Гибралтар.

ГРУПА Х: Хрватска, Словачка, Русија, Словенија, Кипар, Малта.

ГРУПА И: Англија, Полска, Унгарија, Албанија, Андора, Сан Марино.

ГРУПА Ј: Германија, Романија, Исланд, Македонија, Ерменија, Лихтенштајн. 

Квалификациите се играат од март до ноември 2021 година, додека плејофот е од 24 до 29 март 2022.

Преку овие квалификации, на СП во Катар одат десетте победници на групите, а второпласираните ќе играат дополнителни квалификации (плејоф) заедно со уште два најдоброрангирани тима од Лигата на нации и од таму три селекции ќе се најдат на завршницата во Катар.

Мундијалот се игра од 21 ноември до 18 декември 2022 во пет катарски градови: Доха, Лусаил, Ал Кор, Ал Вакра и Ал Рајан.

- Оглас -

Најнови вести