Македонија може да биде во групата на смртта на ЕП 2020!

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра во групата Ц или Ф на Европското првенство, што значи дека ако „рисовите“ се пласираат на завршницата, на Еуро 2020 ќе играат во Букурешт и Амстердам, или другата варијанта, Минхен и Будимпешта.

Каде ќе се најдеме, ќе зависи од Романија. Ако Романците се пласираат на ЕП, тие ќе бидат во групата Ц со Украина, Холандија и Австрија, во спротивно, победникот од Лигата Д од Лигата на нации (се надеваме дека ќе биде Македонија), ќе биде во нивно друштво.

Ако не, Македонија оди кај Германија, Франција и Португалија. Оваа група дефинитивно е најсилна, и би било интересно како награда за прво учество на ЕП да имаме три спектакуларни противници кои биле европски прваци во минатото.

Ако бидеме во групата Ц, имаме шанса да им се реваншираме на Австријците за поразите во овие квалификации. Дали македонската селекција ќе игра на континенталниот собир, ќе се знае после мечевите на 25 и евентуално 31 март.

 

ГРУПА А (Рим и Баку): Италија, Швајцарија, Турција, Велс.

ГРУПА Б (Копенхаген и Санкт Петербург): Белгија, Русија, Данска, Финска.

ГРУПА Ц (Амстердам и Букурешт): Украина, Холандија, Австрија, победникот од група Д или А во Лигата на нации.

ГРУПА Д (Лондон и Глазгов): Англија, Хрватска, Чешка, победникот од групата Ц.

ГРУПА Е (Билбао и Даблин): Шпанија, Полска, Шведска, победникот од група Б од Лига на нации.

ГРУПА Ф (Минхен и Будимпешта): Германија, Франција, Португалија, победникот од група А или Д од Лгата на нации.

- Оглас -

Најнови вести