Ѕвездите на Белгија и Франција ќе бидат расположени за голови

6203 Фарски Острови – Македонија (Квалификации за ЕП У21, 15:00 часот)

Нашата млада репрезентација на гостувањето против Фарски Острови ќе ја бара првата победа во квалификациите за Европското првенство за играчи до 21 година.

По две одиграни средби, ние имаме пораз, и тоа од Франција (3:0), како и реми против Србија, и тоа без голови, па затоа момците на Драган Канатларовски денеска во 15:00 часот по средноевропско време ќе атакуваат на трите бода против Фараните.

Во досегашната историја на одиграни средби во оваа категорија, очекувано ние сме поуспешни и на четири средби имаме три победи и едно реми. На последната средба, нашата селекција славеше исто така на ова гостување со 2:1.

Предлог тип: 2 и Т22+ (1.94)

 

8337 Макаби Тел Авив – Црвена ѕвезда (кошарка, Евролига, 20:05 часот)

Гордоста на Израел ќе се обиде да остане на максимален учинок по две одиграни кола, а Црвена ѕвезда речиси и да нема што да бара на ова гостување, иако спортски е да се надева.

Макаби го има еден од најдбрите состави во Евролигата и иако можеби не е меѓу првите фаворити, тогаш сигурно ќе чека од „сенка“.

Од друга страна, српскиот шампион не е баш убедлив во новата сезона, бидејќи покрај поразот од Фенербахче, кој за волја на вистината беше мал, се мачеше и против Будуќност на домашен терен во АБА-лигата.

Предлог тип: 1 со хендикеп -7.5 (1.92)

 

8375 Лександс – Оскаршамн (хокеј, Шведска, 19:00 часот)

Овие две екипи играат исклучително ефикасно на стартот од новата лига во Шведска, а нема причина тоа да не биде така и денеска.

На последните пет меѓусебни дуели во просек паѓаат по 6,2 погодоци, а последната од нив заврши со резултат 3:2 во корист на Лександс.

По шест одиграни кола, и двете екипи се наоѓаат во средина на табелата, но сè уште е рано за да се направи некаква споредба бидејќи речиси сите екипи се доста изедначени и барем засега нема изразит фаворит.

Предлог тип: +5.5 погодоци (1.80)

 

6102 Белгија – Франција (Лига на нации, полуфинале, 20:45 часот)

Овој натпревар ќе биде многу возбудлив за гледање, а за квалитетот излишно е да се говори.

Сите знаеме со каков арсенал располагаат и Белгија и Франција, кои ќе се соочат во рамките на полуфиналето од Лигата на нациите кое ќе се одигра на „Алијанц арената“ во Торино.

Резултатски, кога ќе се соочат овие репрезентации, гледаме мал број погодоци, со оглед на тоа дека играат ѕвезди од типот на: Мбапе, Де Бројне, Лукаку, Гриезман, Погба…

Ние веруваме дека вечерва, за промена, ќе видиме атомски фудбал со многу шанси и голови.

Предлог тип: 3+ (2.25)

 

5720 Нигерија – Централноафриканска Република (Квалификации за СП Африка, 18:00 часот)

Нигерија ја има една од најсилните репрезентации во Африка и не би требало да има проблем да ја помине групната фаза бидејќи по две одиграни кола, има и исто толку победи.

Денешната средба против ЦАР ќе биде само чиста рутина, со оглед на разликата во квалитетот.

Интересно е што ова ќе биде прва нивна официјална средба, а со оглед на формата на гостите, кои на последните пет мечеви имаат четири порази, тешко дека ќе видиме некакво изненадување.

Предлог тип: 1 и 0-3 голови (1.91)

 

- Оглас -

Најнови вести