Македонија губи со 1:0 по првото полувреме на гостувањето кај Фарски острови во меч од првото коло на Лигата на нации. Иако Македонија ја имаше фаворитската улога на хартија, домаќините имаат предност.
По само неколку минути од стартот, Фарски Острови даде гол за радост на околу 1.500 фановови на стадионот во Торсхавн. По еден корнер, судијата Лукјанчукаш од Литванија процени дека имало прекршок за пенал, а капитенот на Фарски Острови Давидсен погоди за 1:0 во 9 минута. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Македонија имаше одлична шанса брзо да израмни. Се играше 19 минута кога Чурлинов се најде во перфекнта ситуација. Миовски асистираше, а Чурлинов излезе сам пред голманот, успеа да го префрли и кога требаше да погоди во мрежата, пред него се испречи еден домашен фудбалер и буквално од гол-линијата блокираше топката да не влезе во мрежата.
во 26 минута Фарски Осторови имаше шанса за втор гол. По една долга топка, еден од домашните фудбалери излезе напред пред голманот Димитриевски, но за наша среќа беше многу откосо и шутираше во надворешниот дел од мрежата.
Во 38 минута Митровски со шут од околу 20 метри биеше силно, голманот на домаќините одбрани, но несигурно само ја одби топката во поле, но за жал немаше македонски репрезентативец да реализира.
Фарски Острови изведе три корнери во првиот дел и сите беа опасни. По првиот удар од аголот добија пенал, а од следните два создадоа опасни ситуации пред голот на Димитриевски.