Македонија падна една позиција на ранг-листата на ФИФА, Франција е нов лидер

Македонската фудбалска репрезентација е на 67-мата позиција на најновата ранг-листа на ФИФА, што е пад за едно место од претходното рангирање. Во март Македонија одигра два меча на гостински терен, во кои не успеа да постигне ниту еден гол. Загуби од Данска со 4:0, а потоа одигра без голови против Ирска во Даблин.

Пред Македонија скокна Босна и Херцеговина, која со пласманот на Светското првенство сега напредуваше за шест позиции и е на 65-тото место на ФИФА-листата. Пред Македонија се и селекции како Јордан, Буркина Фасо…

Промени има и на врвот на листата, каде што сега лидер е репрезентацијата на Франција со 1877,32 поени, пред Шпанија со 1876,40 поени и Аргентина, која е на третото место со 1874,81 поени. Во Топ 10 се и Англија, Португалија, Бразил, Холандија, Мароко, Белгија и Германија.

- Оглас -

Најнови вести